Муарем ја прекина авантурата во Турција

Муарем потпиша со турскиот клуб по завршувањето на минатата сезона, во која со успех играше во азербејџански Карабах и со овој клуб стигна до настап во Лига Европа.

Но, Муарем, поранешниот фудбалер на Работнички не се снајде во новиот клуб, одигра само два меча и сега спогодбено заминува од Есхишехир.

Покрај Муарем, со Есхишехир се раздели и Теофанис Гекас

Играчите кои ни се приклучија на стартот на сезоната, Теофанис Гекас и Муарем Муарем спогодбено ги раскинаа договорите со Есхишехир. Сакаме да им се заблагодариме за сиот придонес и за новните заложби што ги дадоа за нашиот клуб и им посакуваме успех и здравје во иднина, објави клубот.

Ова за него е втора неуспешна авантура во Турција, откако претходно беше дел од Ордуспор, каде одигра добро по потпишувањето на договорот во август 2010 година, но од март 2011 имаше само два настапи по што се врати во Дебар Маало.