Муарем се сели во Турција – потпиша со Ескишехир

Повратникот во македонската фудбалска репрезентација, Муарем Муарем, кој сезонава ја освои “двојната круна” со Карабах и имаше историски настап во Лига Европа, експресно најде нов клуб, само еден ден откако го освои Купот на Азербејџан. Муарем повторно ќе игра во Турција, сега во Есхишехирспор, со кој потпиша тригодишен договор.

Muarem2

Муарем денеска беше промовиран од турскиот клуб и во Турција доаѓа по пет години. Поранешниот фудбалер на Работнички во сезоната 2010/11 играше за Ордуспор.

“Среќен сум што доаѓам во клуб како Ескишехир. Верувам дека можам значително да продонесам за уште подобри резултати на клубот во следната сезона”, реше на официјалната промоција.

Muarem3

Муарем е повикан од Љубинко Друловиќ за претстојниот меч со Словачка.

Извор: Спортмедиа.мк