Муарем “таличен” за својот Карабах

Муарем Муарем, повремениот македонски репрезентативец, продолжува со одличните игри во дресот на Карабах.

Муарем синоќа со својот тим му гостуваше на украински Днипро во рамките на Лигата на Европа, а токму тој во 21-та минута беше стрелец на единствениот гол на натпреварот, со кој неговиот тим освои три големи бода. До крајот на мечот украинските фудбалери силно притиснаа но резултатот остана непроменет, па така на крајот тимот од Азербејџан беше тој што се радуваше.

Иако се очекуваше крајно неизвесен натпревар во Белград, сепак турскиот преставник во Лигата на Европа, Бешикташ неочекувано лесно славеше во Белград, демолирајќи го тимот на Партизан со убедливи 0:4. Кавлак со еврогол го отвори резултатот во корист на гостите од Турција, Демба Ба зголеми во финишот од вториот дел, пред Озјакуп и Торе во вторите 45 минути да го комплетираат кошмарот на белградските црно-бели.

Инаку српската агенција „Танјуг“ пренесе дека 19 навивачи на Бешикташ биле донесени во полициска станица бидејќи го загрозиле јавниот ред и мир. Навивачите на турскиот клуб во пресрет на натпреварот запалиле голем број пиротехнички средства уште пред самиот хотел, а ги демолирале и автобусите со кои биле превезувани на натпреварот.

Беа одиграни уште неколку други интересни натпревари, а ова се комплетните постигнати резултати:

ГРУПА А: Виљареал – Цирих 4-1, Борусија М. – Аполон 5-0.

ГРУПА Б: Торино – Хелсинки 2-0, Бриж – Копенхаген 1-1.

ГРУПА Ц: Партизан – Бешикташ 0-4, Тотенхем – Астерас 5-1.

ГРУПА Д: Селтик – Астра 2-1, Салцбург – Динамо З. 4-2.

ГРУПА Е: Есторил – Динамо М. 1-2, ПСВ Ајндховен – Панатинаикос 1-1.

ГРУПА Ф: Интер – Сент Етјен 0-0, Днипро – Карабах 0-1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.