петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 2

Муцунски: 50 нови политички мерки, кои значат подобрување на студентскиот стандард

Тимчо Муцунски во Радовиш ја презентираше програмата „Реално“ на младите луѓе кои даваат масовна поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

радовиш

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ преку политичката програма „Реално“ работи на реализација на многу голем голем број на проекти кој што ќе придонесат за развојот на Република Македонија, за развојот на состојбите, како во економијата така и во сите други сфери кој што се од општествен интерес. Денес во Радовиш разговараме со младите луѓе, тие даваат  масовна поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Во нашата програма има сет на мерки, 50 нови политички мерки, кои што ќе значат- подобрување на студентскиот стандард, подобрување на општите состојби во образованието, основното, средното и високото. ВМРО-ДПМНЕ е партија која што работи фокусирано во интерес на граѓаните и сметаме дека сите тие проекти кои што ќе ги имплементираме ќе значат подобар живот за сите граѓани во нашата земја, рече Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести