„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на грчките државни обврзници

Рејтинг агенцијата „Мудис“ ја намали својата оценка за грчките државни обврзници од Саа1 на Саа2, пишува МИА.

Причина за намалувањето е нејасната ситуација меѓу Грција и нејзините кредитори, како и постоењето на ризици поврзани со реализацијата на среднорочната програма за финансиска помош.

Премиерот Алексис Ципрас неделава изјави дека се надева до 9 мај Грција да го склучи договорот со кредиторите. Тоа е неопходно за деблокирање на последната транша од 7,2 милијарди евра од кредитната програма на ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.