Свет

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Русија

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Русија

Меѓународната агенција „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Русија од Баа3 на Ба1 со негативна прогноза, објави МИА.

„Мудис“ е втора меѓународна агенција која го намалува кредитниот рејтинг на Русија до шпекулативна категорија. На 26 јануари „Стандард енд Пурс“ исто така го намали кредитниот рејтинг на Русија во странска валута од БББ минус до ББ плус.

Рускиот министер за финансии Антон Силуванов одлуката на „Мудис“ ја оцени како „исклучително негативна“, додавајќи дека зад тоа стои политика.