„Мудис“: Зголемен ризикот за излез на Грција од еврозоната

 

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ во анализа наведува дека политичката нестабилност и предвремените парламентарни избори во Грција го зголемуваат ризикот за излез на земјата од еврозоната.

Агенцијата наведува дека веројатноста Грција да излезе од еврозоната е помала во споредба со 2012 година, кога ризикот беше значително поголем.

Во анализата се посочува дека растечкиот ризик од напуштање на Грција на монетарната унија би можел да има негативни последици и за другите земји-членки на еврозоната иако ризикот од ефектот на домино е значително помал од претходно.