„Мудрословија“ од Стојан Тарапуза

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, на 3 ноември (четврток) во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Мудрословија“ од Стојан Тарапуза, во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје.

За најновотo дело на познатиот автор беседа ќе одржи проф. д-р Kристина Николовска, а извадоци од книгата ќе интерпретира Антонио Павловски.

Стојан Тарапуза (Злетово, 1933) е водечко имe во современата македонска литература за деца и младинци. Автор е на триесетина стихозбирки, високо вреднувани од страна на критиката и од бројните читатели. Доботник е на повеќе книжевни награди во Македонија и во странство. Негови дела се преведени  на албански, српски, словенечки, бугарски, турски, руски, украински, словачки, полски и на други јазициСтојан Тарапуза (Злетово, 1933) е водечко имe во современата македонска литература за деца и младинци. Автор е на триесетина стихозбирки, високо вреднувани од страна на критиката и од бројните читатели. Доботник е на повеќе книжевни награди во Македонија и во странство. Негови дела се преведени  на албански, српски, словенечки, бугарски, турски, руски, украински, словачки, полски и на други јазици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.