Муџахедини од Косово планираат нови самоубиствени напади

Муџахедини од Косово, кои војуваат во Сирија и во Ирак, подготвуваат нови смоубиствени напади. Ваквите сознанија на службите ги потврдиле компетентни лица за приштинскиот весник „Бота сот“, пренесува Дневник.

Според нив Командантот на Албанците во Сирија, Лавдрим Мухаџери заедно до И.Б. од Качаник неодамна се сретнале со т.н. „касапин е Деулес“( касапот од Деуела) Ебу Вахид, командант во Ирак.

„Исто така Командант Мухаџери побарал од Командантот Ебу Бекер Ел Багдади да дозволи самоубиствени напади(камикази) со експлозив или организирање на вакви напади, – изјавиле коментентните авторитети за „Бота сот“ додавајќи дека се во состојба на готовност.

Прв Косовец кој изврши самоубиствен напад е Блерим Хета. Во самоубиствениот напад во Ирак усмртени беа 52 лица.