Фото: Муџахери е жив, гостиварецот Б.Ф. пие чај со него

Пред неколку недели беше објавено дека Ливрим Муџахери е убиен за време на борбите во Сирија, од страна на албанските медиуми кои своите информации ги преземаат од арапските медиуми. Сепак, со фотографијата објавена деновиве на која јасно се гледа како Муџахери пие чај со еден гостиварец се покажува дека оваа информација е лажна.

Б.Ф. е еден од Албанците од Македонија, кои во моментов се борат во Сирија.

Според информациите на порталот Алмакос.ком, Б.Ф. потекнува од Гостивар и со своето семејство во џихад во Сирија отишол во 2013 година.

files

Б.Ф. во Македонија бил добро ситуиран и имал повеќе бизниси во Гостивар. Денеска тој има објавено фотографии со Лавдрим Муџахери на кои се гледа како тие двајца пијат чај. Овие фотографии јасно покажуваат дека водачот на балканските Албанци во Сирија е жив.

files (1)

files (2)

files (3)

Фото: Алмакос.ком