Анализи

Мугабе одбива да поднесе оставка, Зимбабве во шок

Мугабе одбива да поднесе оставка, Зимбабве во шок

Претседателот Роберт Мугабе во неделата го шокираше цело Зимбабве кога во своето телевизиско обраќање не го спомена прашањето за својата оставка од функцијата, со што ѝ PF спротистави на својата партија ZANU-PF којашто неколку часа претходно го смени од челната позиција, како и на стотиците илјади демонстранти кои веќе започнаа да го слават неговиот пад.

Два извора, еден од врвот на владата а вториот запознает со преговорите водени со челниците на армијата, открија за Reuters дека претседателот Роберт Мугабе јавно ќе ја обајви својата оставка откако ZANU-PF го смени од функција својот челник, четири дена откако војската ја презема контролата над земјата.

Меѓутоа, во својот говорот од претседателскиот кабинет седејќи со редица генерали, Мугабе ги прифати критиките од својата партија, војската и јавноста, но не ја спомена својата позиција. Наместо тоа, рече дека настаните од изминатата седмица не се „предизвик за неговиот авторитет како челник на државата и владата“, и се обврза дека следниот месец ќе претседава со конгресот со својата партија.

Челникот на опозицијата, Морган Тсвангираи остана шокиран од обраќањето на Мугабе. „Вчудовиден сум. Не само јас, туку целата нација. Тој игра игра. Се обидува да манипулура со сите нас. Го изневери целиот народ“, истакна.

Партијата ZANU-PF на 93-годишниот Мугабе му даде помалку од 24 часа да отстапи од функцијата, што претставува обид неговото 37-годишно владеење да биде завршено на мирен начин откако во оваа африканска држава практично беше изведен воен преврат.

Водачот на ветераните на Зимбабве, Крис Мутсвангва, кој ја води кампањата за соборување на Мугабе за Reuters откри дека плановите за соборувањето на долговечниот претседател од власта течат според планот, а дека жителите на главниот град Хараре во среда ќе излезат на улиците. Имплицира и дека Мугаве, кој говореше со сигурен глас, но неколкупати заталка во текот на читањето на својот 20-минутен говор, не е свесен што се случило само неколку часа претходно.

Слеп или глув

„Или никој од ZANU-PF не му кажал што се случило во неговата партија, па се обраќаше во целосно незнаење, или е слеп и глув за пораките од својата партија“, смета Мутсвангва.

Централниот одбор на ZANU-PF претходно го именуваше Емерсон Мнангагва за нов партиски челник. Токму врачувањето на Мугабе на оставката на Мнангагва од местото потпретседател за да ослободи пат за предавање на власта на својата сопруга Грејс ја предизвика интервенцијата на војската.

Стотици илјади демонстранти излегоа во саботата на улиците на престолнината Хараре за да го прослават очекуваниот пад на Мугабе и почетокот на новата ера за својата држава. Жени, деца и мажи радосно трчаа крај воените и возилата на безбедносните сили кои се спротиставија на оние кои ги нарекуваат „криминалци“ во најтесното опкружување на Мугабе.

Многу демонстранти говореа за „второто ослободување“ и сништата за политичка и економска промена по двете децени се’ посилна репресија и тешкиот живот. Тие, како и повеќе од 3 милиона жители на Зимбабве кои во потрага по подобар живот емигрирале во соседната Јужноафриканска Република, остануваат разочарани од обраќањето на Мугабе.

Неговиот внук Патрик Жувао телефонски, од тајна локација во Јужноафриканската Република, за Reuters нагалсил дека претседаелот и неговата сопруга се „подготвени да умрат за она што е исправно“ наместо да отстапат од власта и да му дадат легимитет на она што тој го нарекува пуч.

Жувао, кој исто така е санкциониран од партијата ZANU-PF, во неделата не одговарал на повиците на неговиот телефон од новинарите, меѓутоа синот на Мугабе, Чатуинга ги нападна оние кои сакаат да го соборат неговиот татко. „Не можете да го смените револуционерниот водач. ZANU-PF е ништо без својот претседател Мугабе“, напиша тој на Facebook.

Опасна ситуација

Голем број луѓе на улиците на Хараре на воената интервенција ѝ дадоа квазидемократски легимититет, бидејќи војската тврди дека само го обезбедува уставното пренесување на моќта, а не оти извршува преврат.

Но и покрај тоа, некои од противниците на Мугабе се загрижени од толку силната улога на војската и стравуваат дека Зимбабве би можел да замени еден автократ кого го поддржуваат вооружените сили со некој друг наместо на народот да му се овозможи да го избере идниот лидер.

„Вистинската опсност од моменталната ситуација е во тоа што војската, кога ќе успее да стави во претседателскиот кабинет свој кандидат, ќе стори се’ него или неа таму и да ги задржат, независно од тоа што сака гласачкото тело“, предупредува поранешниот министер за образование Давид Колтарт.

САД, кои се долгогодишен критичар на Мугабе, објавија дека се радуваат на „почетокот на новата ера“ во Зимбабве, а претседателот на соседна Боцвана, Иан Кама, изјави дека Мугабе нема дипломатска поддршка во регионот и дека мора веднаш да си поднесе оставка.

Покрај тоа што го промени своето раководствот, партијата ZANU-PF најави дека сака и да го промени уставот за да се намалат овластувањата на претседателот, што е можен знак за преминување во поплуралистички и поинклузивен политички систем во Зимбабве.