Мугабе плачел кога ја потпишувал оставката

Сега веќе поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, плачел и ламентирал за „предавството од своите сојузници“ кога минатата седмица под притисокот на војската и својата партија се согласи да отстапи од должноста по 37 години на власт, објави весникот Standard во неделата.

Сегашниот претседател Емерсон Мнангагва, поранешен човек од доверба на 93-годишниот Роберт Мугабе, во петокот ја положи свечената обврска, а јавноста сега следи дали тој во владата ќе ги именува претставниците од сите делови на политичкиот спектар во Зимбабве, или личности од ерата на својот претходник.

Споменатиот водечки дневен весник во Зимбабве се повикува на извори од внатрешниот круг на Мугабе, коишто откриваат дека во текот на изрекувањето на одлуката за оставката пред група преговарачи во својата Сина куќа во рацете ја држел броеницата со распетие. Одлуката ја донел во моментот додека парламентот гласеше за неговото отповикување од претседателската должност.

„Гледаше надолу и рече ‘луѓето се камелеони“’, тврди еден од изворите на весникот Standard.

Државниот дневен весник Sunday Mail, цитирајќи го отецот Феделис Муконори, језуитски свештеник и близок пријател на Мугабе кој бил посредник меѓу него и војската, кој рекол дека лицето на „Мугабе“ сјаело“ додека ја потпишувал одлуката за оставката.

„Не зборуваме за огорчен човек. Му кажав дека за него е добро да види како некој друг е ја води државата…“, истакна Муконори за Sunday Mail.

Падот Мугабе по 37 години власт ја покрена борбата за неговиот наследник во која победи Мангагва, негов близок соработник повеќе од 52 години, пред неговата 52-годишна сопруга Грејс.

Мангагва во својата заклетва истакна дека ја цени демократијата, толеранцијата и владеењето на правото, најави дека ќе се бори против корупцијата и го повика граѓаните да не се одмаздуваат.

Новата влада веќе казни некои од најблиските соработници на Мугабе и неговата сопруга, а поранешниот министер за финансии Игнатиус Чомбо во саботата беше изведен на суд поради корупција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.