Мухамед Али итно примен во болница

Легендарниот американски боксер Мухамед Али (72) вчера итно е примен во болница и по испитувањето  било утврдено дека има  воспаление на белите дробови, а оваа информација за медиумите ја соопштил неговиот портпарол Боб Гунел.

Состојбата на боксерската легенда и трикратниот светски шампион во тешка категорија е во стабилна состојба. а поради фактото што неговата болест била откриена на време, неговиот престој во болница нема да трае долго..

Али од 1984 година боледува од Паркинсонова болест, а 72-годишниот боксер се поретко се појавува во јавноста. Последен пат се појави  во септември на свеченост во родниот град Лујсвил на доделувањето на хуманитарните награди со негово име, но тогаш ништо не говорел.

ali