среда, 16 август 2017  |  Вести денес: 30

Мухамед Зеќири го збогати анкетниот лист со доаѓањето во СДСМ: Се подновил со стан и џип БМВ Х5

Пратеникот Зеќири во својот анкетен лист нема пријавено кредит, ниту пак дека има некакви депозити. По ова останува отворено прашањето, како Зеќири успеал да купи стан и џип ако во јавноста е познато дека како советник на Заев тој е на платниот список на СДСМ од почетокот на септември за плата од 500 евра, а како пратеник, чија плата изнесува околу 1.000 евра е еден месец.

muhamedd-zekiri

Последни вести

Два стана и две возила како личен имот ги навел пратеникот на СДСМ Мухамед Зеќири во својот анкетен лист поднесен во Државната комиисја за спречување на корупција. Со доаѓањето на Зеќири во СДСМ се збогати и неговиот анкетен лист, пишува „Курир“.

И додека лидерот на СДСМ Зоран Заев во едно интервју говореше дека го примиле Зеќири во СДСМ за неговите деца да имаат леб, екс новинарот, сегашен пратеник на СДСМ минатата, 2016 година купил стан. Со влегувањето во СДСМ, Зеќири е побогат и за џип БМВ Х5.

muhamed-zekiri-anketen

-Зборуваат за Мухамед Зеќири како тоа наеднаш влегол во СДСМ, па сме му дале и плата. Што, требаше да ги оставиме двете дечиња дома да бидат гладни? Па напушти работа човекот. Па тоа е политика на отворени врати еден од кандрите е тој и сега требаше да го оставиме без леб да му бидат децата, затоа што се одважил, истакна Заев.

Пратеникот Зеќири во својот анкетен лист нема пријавено кредит, ниту пак дека има некакви депозити. По ова останува отворено прашањето, како Зеќири успеал да купи стан и џип ако во јавноста е познато дека како советник на Заев тој е на платниот список на СДСМ од почетокот на септември за плата од 500 евра, а како пратеник, чија плата изнесува околу 1.000 евра е еден месец.

Најчитани вести