Муижниекс: Притворот не смее да се користи како казна, особено не во вакви услови по затворите

За време на моите разговори со државниот врв на Македонија, во Собранието бев информиран за притворената група пратеници и други лица за минатогодишните настани во Собранието и сметам дека се работи за контроверзни случаи, изјави денеска Нилс Муижниекс.

„Има сомневања дали се следени процедурите, особено за лицата со имунитет. Што се однесува до слободата на изразувањето, луѓето имаат право да се изразат, но немаат право да тепаат. Од бројните извештаи знам дека условите во притворот се многу лоши и дека многу треба да се стори за подобрување на тие услови. Притворот треба да се изрекува само кога е неопходно, а не како казна, особено не кога се знае какви се условите таму“, рече комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.