Мукаетов докупи акции од Алкалоид, сега поседува седум отсто од компанијата

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов докупил уште 1.445 акции на компанијата, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Со новостекнатите акции Мукаетов поседува околу седум отсто од акциите на компанијата.

Мукаетов во континуитет купува акции од компанијата секоја година. Според експертите тоа се толкува како знак дека ова компанијата е сигурна и просперитетна.