Мукаетов: Потребно е вмрежување на фармацевтските компании во регионот

Соработката во регионот значително може да се унапреди и во фармацевтскиот сектор, особено со цел за заеднички настап на трети пазари и зголемување на конкурентноста, изјавил за српски Танјуг претседателот на Управниот одбор на македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

„Дефинитивно фармацевтскиот сектор е поле каде што може да се расте, бидејќи имаме многу солидни и добро позиционирани компании во регионот кои се од фармацевтскиот бизнис, компании кои значат, кои имаат знаење, имаат технологија и кои инвестираат во развојот. Само треба тие компании малку повеќе да се вмрежат, да видат каде можат да пронајдат синергија, таму каде што едни се силни да одработат некои сервисни услуги за другите и обратно, на третите пазари како што е Русија, па и Европската унија, оние кои веќе се позиционирани таму синергетски да се координираат со другите кои допрва имаат намера да влезат на овие пазари…“, вели Мукаетов.

Во својата изјава Мукаетов зборува и за соработката на „Алкалоид“ со српските компании во фармацевтскиот сектор. Видео-изјавата можете да ја проследите овде.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.