Мукаетов: Знењето на странските компании е додадена вредност

Домашните компании треба го искористат присуството на странските компании и да го интегрираат нивното знаење тука. Нивното знаење и плаќање навреме е додадена вредност. Првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов вели дека македонските компании треба да поработат и да пронајдат пазар, а тоа може да го остварат и со странските инвеститори.

Сметам дека домашните компании треба го искористат присуството на странските компаниии и да го интегрираат нивното знаење тука. Ние имаме одлична соработка со „Џонсон Мети“ и произведуваме суровини за нив. Нивното знаење и плаќање навреме е додадена вредност и за „Алкалоид“ – смета Мукаетов.

Мукаетов додава дека секоја од компаниите сама, на свој начин, треба да се грижи како да се развива и да ги придобие домашниот и странскиот пазар.

Инаку, Џонсон Мети е најголема и најпрофитна компанија во Македонија. Овој странски инвеститор кој во слободната економска зона во Бунарџик произведува автомобилски делови од првото место го истисна долгогодишниот лидер Телеком со над 56 милиони евра профит, и вкупен промет од 936 милиони евра.