Мукоски: Еди Рама со своите изјави е како портпарол на СДСМ

Пратеникот Крсто Мукоски, од ВМРО-ДПМНЕ, на денешното продолжение на Конститутивната седница на Собранието изјави дека со најновите изјави на албанскиот премиер Еди Рама, тој се повеќе наликува на портпарол на СДСМ.

 

Имено, како што појасни, пратениците од СДСМ секојдневно како аргументи ги користат изјавите на Рама, во нивните дискусии во Собранието.

Мукоски им порача на колегите од СДСМ да ги следат социјалните мрежи кога веќе не сакаат да ги слушнат граѓаните кои што протестираат и ќе се уверат дека многу членови на СДСМ, исто така, не се согласуваат со Тиранската платформа.