Македонија

Мукоски: Најмногу жители од Македонија се иселиле во 1994 година, во време на СДСМ !

Мукоски: Најмногу жители од Македонија се иселиле во 1994 година, во време на СДСМ !

Во Собранието на Република Македонија денес започна единаесеттото продолжение на 67-та пленарна седница каде пратениците дискутираат по 100-тата точка од дневниот ред односно расправаат за информацијата за проблемот околу иселувањето на младите од Република Македонија поднесена од пратеничката група на СДСМ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски по говорот и обвинувањата од страна на пратеничката од СДСМ Мираковска во врска со иселувањето на младите од нашата држава, во својата реплика даде аргументирано образложение и објасни дека податоците кои СДСМ ги пласира во јавноста се пренапумпани и невистинити.

„Сега малку да дискутираме за бројките, за историјата која што сакате да ја избришете. Како и кога се иселувале Македонците од оваа држава и зошто се иселувале? Ќе ви сублимирам еден податок, во 1985 година според Еуростат во Република Македонија живееле 2 милиони и 4 илјади жители, а во 2014 година во Македонија имаме 2 милиони и 65 илјади жители“, образложи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски.

Дополнително, Мукоски пред пратениците од СДСМ истакна податок кој јасно кажува колку и кога бил историскиот минимум односно најголемиот број на луѓе кои избегале од Република Македонија.

Знаете ли кога го има историскиот минимум? Кога избегале најмногу жители од оваа држава? Тоа е случува во 1994 година, кога бројот на жители паѓа за 124 илјади жители. Знаете ли зошто? Заради тоа што во Македонија се спроведе класична мафијашка приватизација!“, констатираше пратеникот Мукоски.

На крајот, пратеникот Мукоски уште еднаш повтори дека најголемите иселувања од МАкедонија биле во 60-тите години од минатиот век и во 94-тата година кога СДСМ беше на власт и ја спроведе криминалната приватизација. Според Мукоски, ова се точните бројки од кои СДСМ не може да избега.