Мукоски: Нема изгубени денови, туку историски денови за одбрана на државата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, во продолжението на 17-то продолжение на конститувната седница на Собранието, во понеделникот истакна дека сите изминати денови од парламентарната дебата не се воопшто изгубени денови, туку се денови кои ќе влезат во историјата како Македонците си ја бранат джавата.

„Овие денови во Собранието на Република Македонија не се изгубени денови, туку историски денови на бранење на државата од нејзино разнебитување“, рече Мукоски.

Мукоски упати и апел да биде организирана средба меѓу челниците на партиите за да се избегнат, како што посочи, сé почестите скандалозни изјави, како на пример изјавата на градоначалникот на Општина Дебар, која беше осудена од македонската јавност.