Мукоски: Поднесовме амандман за штетите од земјотресите не заради политички поени, туку како помош

На Kомисија за финансирање и Буџет во Собранието, на којашто на дневен ред е разгледување на ребалансот на Буџетот за 2017 година, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоскиговореше за поднесениот амандман од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за одделување на средства од Буџетот за 2017 година, за санирање на штетите што ги имаат претрпено граѓаните од земјотресот кој неодамна го погоди Охрид и поширокиот регион околу него.

„Ако добро го слушнавте образложението на министерот за финансии и на репликата на кординаторот на СДС господинот Тунтев, тие вака дијаметрално се разликуваат. Како што разбрав од министерот се работеше за определена форма, за начин дека во таа ставка што се бара од овој амандман да се издвојат средства за штетите од земјотресите во Охрид, Струга, Ресен и поширокоиот регион, дека во таа ставка нема доволно средства ,односно онолку колку што бараме да се издвојат, а не дека е проблем воопшто да се издвојат тие средства. После тоа го слушаме колегата Тунтев дека спори дека е проблем воопшто да се издвојат средства, дека не требало политички маркетинг да правиме, дајте да не зборуваме со политички вокабулар, дајте да зборуваме за потребите на граѓаните. Овој амандман не е ниту препишан, ниту допишан, ниту натпишан, напишан е како реална потреба од обештетување на граѓаните заради земјотресите. Ниту ги двоиме граѓаните по партиска, етничка, ниту по верска основа“, рече Мукоски.

Пратеникот кажа дека не можело да се предвиди што ќе се случи, но сега кога е случено го поставуваат амандманот кој ниту е за политички поени, ниту е за нешто друго.

„Да го модифицираме, од друга ставка да земеме средства и да го поднесеме заеднички, ако имаме желба, за да не се пишувале поените на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, истакна Мукоски.