петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 47

Мукоски: Предвидените средства за плати, пензии и субвенции ќе останат со ребалансот на Буџет

Како претседавач на Комисијата за финансирање и буџет би сакал да го најавам утрешното заседание на комисијата на којашто ќе се разгледува ребалансот на Буџетот за 2016 година и токму за ребалансот би сакал да ги кажам главните параметри или главните измени од планираниот Буџет за 2016 година, истакна пратеникот Крсто Мукоски.

Krsto-Mukoski-640x480

Последни вести

Како претседавач на Комисијата за финансирање и буџет би сакал да го најавам утрешното заседание на комисијата на којашто ќе се разгледува ребалансот на Буџетот за 2016 година и токму за ребалансот би сакал да ги кажам главните параметри или главните измени од планираниот Буџет за 2016 година, истакна пратеникот Крсто Мукоски.

Интегрален текст од изјавата на Мукоски:

Во услови на длабока политичка криза со ребалансот на Буџет се предвидува намалување на растот на БДП од 4% на 2,3% и со овој раст што се предвидува да заврши 2016 година, Република Македонија се уште се вбројува во државите коишто имаат највисок раст на БДП или во 15 држави во Европа во коишто БДП е сеуште на исклучително високо ниво.

Има одредени намалувања во делот на приходната страна иако се предвидува данокот на добивка да ги надмине предвидувањата од Буџетот за 2016 година и социјалните придонеси исто така да остварат исклучително високо ниво на прибирање, од друга страна на расходната страна исто така имаме намалување особено во делот на стоки и услуги и плати и наемнини.

Капиталните инвестции ќе останат на исклучително високо ниво. Сите предвидени проекти за 2016 година ќе продолжат и понатаму да се реализираат, но со малку позабавена динамика.

Исто така многу е важно за македонските граѓани, за администрацијата, за пензионерите, за земјоделците,  дека сите предвидени средства за плати, пензии, субвенции ќе останат со ребалансот на Буџет во 2016 година.

Дополнително за одредени капитални инвестиции се предвидуваат дополнителни средства или главните проекти кои што треба да бидат обезбедени со донесувањето на овој ребаланс се следните:

Се ревидира приходната страна на буџетот за 2% подолу, согласно остварувањата во првите 5 месеци од годината,

Се врши реалокација на средства помеѓу буџетските корисници наменети за исплата на плати,

Се врши обезбедување на дополнителни средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со цел непречена исплата на пензии,

Се врши намалување кај одредени позиции кај буџетски корисници кај кој е евидентирана забавена динамика на реализација, особено заради закажаните избори на 24 април и 5 јуни, особено заради изборниот законик кој што има рестриктивни мерки на спроведување на реализација на капитални расходи.

Дополнително се предвидуваат постигнувања на одредени заштеди.

Се обезбедуваат дополнителни средства за проекти кои што се од исклучително и капитално значење за Република Македонија како што е националниот гасовод согласно динамиката и активностите, но и се обезбедуваат дополнителни средства од 6 милиони евра заз изградба и на Коридор 10 односно Демир Капија – Смоквица.

Би сакал на крајот да истакнам дека макроеконмските параметри и со овој ребаланс на Буџетот останаа на стабилно ниво, девизните резерви на крајот на 2016 година ќе бидат над 2 милијарди евра со што ќе се обезбеди 4 – месечна увозна зависност. Државниот долг ќе остане на висина од некаде 36 %, а јавниот долг во моментов изнесува 45%, со што Република Македонија согласно Мастрихшките критериуми сеуште се наоѓа во земји со умерена и ниска задолженост.

Би сакал да апелирам, осоено до опозицијата, да се врати што побргу во Собранието, да се постигне договор и да заврши политичката криза бидејќи од сите овие случувања најмногу трпи економијата во Република Македонија, а тоа значи дека трпат сите граѓани на нашата држава.

Најчитани вести