Мукоски: СДСМ нема кредибилитет да зборува за правата на работниците

Во изминатите неколку денови како пратеници сведоци сме на поднесување на целосно неиздржани закони од страна на Социјалдемократскиот Сојуз и нивните коалициони партнери. Закони кои што се лицемерни и целосно се популистички се со цел да се добие глас повеќе од граѓаните на Република Македонија, изјави Крсто Мукоски, заменик  координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ како политичка партија нема кредибилитет, нема ниту морално ниту етичко право да зборува за правата на работниците. Сите добро се сеќаваме дека за време на нивната мафијашка транзиција оставија на улица над 250 000 илјади работници и затворија над 650 компании во Република Македонија.

За прв пат, за волја на вистината во 2012 година ВМРО-ДПМНЕ и оваа Влада донесоа Закон за минимална плата кое што решение е системско и треба во годините што доаѓаат пред нас да се надградува. ВМРО-ДПМНЕ со своите политики се бори за правате на сите работници преку реалзиација на своите програми.

Сведоци сме на отворање на десетици и стотици нови фабрики и на зголемување на работните места. Од 2006 година до денес во Република Македонија зголемен е бројот на вработени од над 125.000 вработени.

Во Република Македонија стапката на невработеност е намалена на 28 проценти од 37,3 проценти. Во Република Македонија зголемена е просечната плата на 21,861 денар наспроти 12,597 денари во времето на СДСМ. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ зголемена е просечната пензија на 13,085 денари наспроти 7.684 денари. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ зголемени се субвенциите од земјоделието од смешни 5 милиони евра во времето на СДСМ на над 750 милиони евра во 2015 година.

На тој начин оваа Влада и ВМРО-ДПМНЕ се грижат за правата на граѓаните и на работинците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.