Мукоски до СДСМ: Срамно е ова што денес го правите во Собранието, освестете се !

Мукоски до СДСМ: Срамно е ова што денес го правите во Собранието, освестете се !
Мукоски до СДСМ: Срамно е ова што денес го правите во Собранието, освестете се !
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски денес во Собранието даде исклучително искрена и со добра намера реплика кон пратеничката од опозицијата Соња Мираковска во врска со денешните случувања во Собранието по повод поднесената интерпелација од страна на СДСМ за работата на претседателката на Комисијата за образование Олга Најденовска.

-Во многу наврати сме дебатирале од оваа говорница за најразлични закони, некои биле постуштински, некои не. Во многу наврати меѓусебно сме полемизирале за одредени прашања и закони, но за жал ова што денес се случува досега во овој законодавен дом не беше случено. И уште ова ни требаше да се случи како капак на сето ова, оваа интерпелација за наша колешка. За да покажеме колку вредиме, колку се почитуваме меѓусебно, каде е и оној минимум на коректност и колегијалност што постоеше меѓу нас и верувајте од денешниот ден, од ова што денес го направивте понатаму нема да се гледаме никогаш со исти очи. Ова јасно и гласно ви го кажувам од оваа говорница, истакна пратеникот.

Тој, нагласи дека ова што денес се случува во Собранието од страна на СДСМ е срамно и незапаметено во досегашната историја на Парламентот и упати апел до нив да престанат со ваквите игри и да се врати меѓусебната почит и колегијалност, но и разумот и нормалното функционирање.

-Ова што денес го правите не е запаметено во историјата на Собранието на Република Македонија. Да се обидете да ставите личност, човек, колешка, на столбот на срамот заради прашање кое што вие треба да се срамите и кое што се обидувате денес да го спинувате, а тоа е неразумното однесување по прашањето на основање на нов Универзитет Дамјан Груев за  кој што заради јавноста да потсетам, поднесовте 1000 амандмани од кои над 30 беа само за името Дамјан Груев. Ви сметаше името Дамјан Груев ! Баравте да се вика Мао Це Тунг, Ким Јонг Ун и како уште не, само да не е Дамјан Груев. И на крајот кога видовте дека сето тоа што го правите е апсурдно, целата своја негативна енергија која за жал ја имате ја насочивте кон колешката Олга Најденовска. Како да ви кажам, срамота !, додаде Мукоски.

Тој на крајот, ги потсети пратениците од СДСМ дека доколку сакаат да говорот и судат за работа на претседател на Комисија, прво да погледнат како пред неколку месеци, нивниот истакнат пратеник Петре Шилегов ја водеше ад-хок комисијата за прислушкуваните материјали и во колку наврати тој тогаш го прекрши Деловникот. Во спротивно, како што рече тој, ќе излезат на виделина двојните аршини на СДСМ и политичката некултура.

-Да не губиме време, соземете се, имајте барем малку доблест, да ја прекинеме оваа расправа  бидејќи е срамота. Иако правевме циркус досега по најразлични прашања, ова денес што го правите е надвор од памет. Се обидувате да разговарате за работата на претседател на Комисија. Колешке, пред два месеци имавме Ад-хок комисија која што ја раководеше Петре Шилегов. Па тој бараше со едно дигање на раката да вреди два гласа. Тој не закажуваше седница на барање на мнозинството. Па никој не се дрзна на ваков чин. Ве молам, свестете се што правите!, заврши Мукоски.