Мукоски штрајкува со глад во Шутка

Пратеникот Крсто Мукоски кому вчера му беше определена мерка притвор од судија на претходна постапка, почнал да штрајкува со глад уште веднаш кога пристигнал во истражниот затвор Шутка, објави ТВ 24.

Информацијата за ТВ 24 ја потврдува неговата одбрана. Причина за неговиот штрајк со глад е тоа што сметал дека е притворен за нешто што воопшто не го направил, а најмалку дека му се става на товар терористичко загрозување на уставниот поредок.

Мукоски одбива храна и затоа била известена и затворската управа по што веднаш медицинско лице му извршило преглед и било констатирано дека засега е во добра здравствена состојба. Тој не се наоѓа во келија заедно со останатите притворени пратеници, туку сосема други притвореници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.