Македонија

Мукоски: Законот беше повлечен во интерес на преговарачкиот процес

Мукоски: Законот беше повлечен во интерес на преговарачкиот процес

На вчерашната 75 седница на Собранието на Република Македонија на која се дискутираше за пакетот измени кои произлегуваат од договорот од Пржино во својата реплика кон пратеникот Мисовски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Муковски истакна дека во интерес на преговарачкиот процес беше повлечен предлог законот кој се однесуваше на објаување на нелегално стекнатите материјали.

Сакам да напоменам дека жалам, искрено жалам што ова законско решение го повлековме, кажав дека има простор за одредени модификации како што кажа колегата Талат Џафери, искреиравте такво мнение во јавноста дека со ова законско решение сме против новинарите што не беше точно. Мислам дека треба како луѓе прво да го почитуваме правото на презумција на невиност, што за жал не се почтува и правото за приватност. Со тој закон токму се регулираше таа материја и со тој закон токму тие материјали требаше да се предадат на оние органи и институции кои што треба да ја утврдат вината за направените грешки или злоупотреби на службената должност, нагласи Мукоски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ,  на крајот им порача на опозициските пратеници да го прочитаат законот што ќе го гласаат и власта и опозицијата, како и одредбите од кривичниот законик, односно дека суштината е иста се менува само формата.