Муковски синоќа бил на преглед на скопските клиники по што бил вратен во притвор

Пратеникот Крсто Мукоски, во петокот вечера од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари бил однесен на скопските клиники за да го прегледа специјалист, а по прегледот вратен на  издржување мерката притвор, пишува Фокус.

Претходо  порталот  ИнфоЦентар.Мк. објави дека Мукоски претрпел инфаркт и итно бил  префрлен од истражниот затвор во Шутка на Клиника за кардиологија.

Крсто Мукоски бил испратен на преглед на скопските клиники во петокот ноќта, откако  затворскиот лекар барал специјалист да го прегледа пратеникот кој изминатиот период штрајкуваше со глад.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани и татко на четири малолетни деца, кому Собранието му го одзеде имунитетот, Обвинителството го товари за „терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста“ како дел од групата од 36 лица.