Свет

Мун: Конфликтот во Сирија треба да биде решен во 2015 година

Мун: Конфликтот во Сирија треба да биде решен во 2015 година

Конфликтот во Сирија следната година треба да биде решен, изјави на прес-конференција во Њујорк генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, пренесе МИА.

– 2015-та треба да биде година во која ќе се стави крај на кошмарот во Сирија и ќе се спречи ескалирањето на други проблеми, истакна Бан.

Тој ги поздрави напорите на специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, посебно неговата иницијатива за создавање зони за прекин на борбените дејствија, како на пример со Алепо.

Генералниот секретар потенцира дека локалните примирја во големите сириски градови не можат целосно да го заменат мировниот договор меѓу инволвираните страни во конфликтот.