Мун: САД мора да ги намалат своите барања кон Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин ги повика САД да ги намалат своите барања за разговор со Пјонгјанг во понеделникот, додека истовремено неговите советници разговараа со севернокорејскиот генерал кој повтори дека неговата земја е отворена за преговори со Вашингтон.

Јужнокорејскиот челник имаше силен ангажман со кој постигна Зимските олимписки игри кои завршија во неделата во Пјоенгчанг да бидат игри на мирот на Корејскиот полуостров. Оваа манифестација овозможи значиелно придвижување кон намалувањето на тензиите меѓу двете Кореи.

Сепак, севернокорејските делегаии кои присуствуваа на игрите коишто ги организираше Југот немаа никакви контакто со американските претставници, а САД во петокот дури дополнително ги заострија санцкиите против Северна Кореја за коишто американскиот претседател Доналд Трамп рее деја се „најтешките досега применети санкции против некоја земја“.

„Мислам дека САД мора да го намалат нивото на барање за дебата, а Северот мора да покажа дека е решително насочен кон денукларизацијата. Важно е САД и Северот да седнат заедно што е поскоро можно“, изјави Мун на средбата со кинескиот претставник на свеченото затворање на ЗОИ, Ли Јандонг барајќи и Пекинг да дејствива во истиот контекст.

На средбата со генералот Ко Јонг Чол во неделата, Мун побара до Пјонгајнг што поскоро да разговара со Вашингтон. Генералот којшто, според извори од Сеул, во недлата изразил желба Северот да преговара со САД, тоа го повторил и во понеделникот.

„Вратата е отворен за дијалог“, рекол генералот Ким во разговорот со јужнокорејскиот советник за национална безбедност, пренесува агенцијата Reuters.

Во Женева во седиштетот на Советот за човекови права при Обединетите нации, исто така, во понеделникот шефот на јужнокорејската дипломатија Касунг Кјунг-ва, повторил дека соседна Северна Кореја мора да се откаже од нуклеарната и од балистичката преограма и да овозможи „мирот да заживее“ на поделениот полуостров.

Повикал и на продолжување на средбите на семејствата разделени меѓу Северот и Југот по Корејската војна од 1950-те години.

„Тоа е хуманитарно и прашање на човековите права, особено зашто многу од тие луѓе сега се во 80-те години од животот…. Важно е да се обезбеди духот од Пјеонгчанг да се одржи и да заживее на Корејскиот полуостров…“, истакал јужнокорејскиот дипломат.