Спорт

ФИФА донесе одлука Мундијалот во 2026 во САД, Канада и Мексико

Мундијалот во 2026 во САД, Канада и Мексико

Северна Америка ќе биде домаќин на Мундијалот 2026 година, одлучи денеска ФИФА.

Три земји ќе бидат организатори на големиот фудбалски настан- САД, Канада и Мексико. Тие беа големи фаворити во битката со Мароко, па добија 134 гласови од можни 200.

Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе биде првото кое ќе биде домаќин на 48 земји.
Во САД ќе се одржат повеќето натпревари од Мундијалот, 60 од вкупно 80, вклучувајќи ги сите средби од четвртфиналето па до крајот на турнирот.