Спорт

Мундијалот во Бразил ќе остане само сон за Кевин Стротман

Мундијалот во Бразил ќе остане само сон за Кевин Стротман

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луи ван Гал, потврди дека стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Рома, Кевин Стротман ги има скинато лигаментите во десното колено и дека нема да настапи на престојниот Мундијал во Бразил.

Одличниот играч за врска заработи тешка повреда на последниот првенствен дуел против екипата на Наполи, а според последните информации, Стротман ќе мора да паузира во следните шест месеци.

„Можам само да замислам колку му е тешко на Кевин. Поминува низ вистинска драма, сигурно му се има срушено целиот свет. Ова е тежок удар и за Рома и за репрезентацијата на Холандија. Се повреди во најважниот можен период. Кевин има голема заслуга кога е во прашање пласманот на Мундијалот во Бразил. Сепак, најлошо од се е дека му е уништен најголемиот сон”, изјави Ван Гал.