Мундијалот во Катар ќе се игра во зима

Според неофицијални информации, ФИФА ќе предложи натпреварите од Мундијалот во Катар да се играат во ноември и декември.

Препората ќе биде Светското првенство во фудбал да биде преместен во зимскиот период, а конечната одлука ќе ја донесе Извршниот одбор на ФИФА, кој ќе се одржи следниот месец во Цирих.

Поентата на овој предлог е да се избегнат екстремно високите температури што вообичаено владеат на Блискиот исток во летниот период, а идејата термините да се поместат во зима веќе ја подржаа првите луѓе на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини.