Мурињо со закана до своите “ѕвезди” – играјте подобро или ќе се преселите на клупа

Токму тоа го натера менаџерот Жозе Мурињо да испрати порака до играчите, непосредно пред мечот од 2-то коло во ЛШ против Порто, дека наскоро ќе премине од зборови на дела.

Кога во тимот имате играчи со крајно нестабилен став, на кои им недостасува мотивација, мора да платите цех. Постојат два вида на шампиони: оние кои освојуваат само по нешто во своите кариера, а такви се многу, и оние кои имаат по десет или 20 титули. А, континуиран шампион може да бидете само ако имате постојан став и однесување. Е, тоа е проблем со кој ние се соочуваме, вели Мурињо.

Според Португалецот, решение на проблемот постои. А, доколку работите не се променат, Челзи ќе доживее големи измени.

Моментално се наожаме во отворена ситуација. Тешко е да се освои Премиер лигата и Лигата на шампионите во исто време, но можно е. Ако наскоро дојдеме до ситуација да не можеме да освоиме ништо, тогаш на терен ќе испратам младинци. Сериозен сум кога го зборувам ова, ќе бидам немилосрден. Имам добри играчи и добри момци, но недопирливи не постојат. На кого не му се игра, и нема да игра, вели Мурињо.

Само за потсетување, Мурињо веќе исполни една ваква закана, кога на првиот натпревар од Лигата на шампионите против Макаби Тел Авив неколку стандардни првотимци воопшто не се најдоа на списокот за тој дуел.