Мурињо: Азард ќе биде на исто ниво со Меси и Роналдо

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо е убеден дека многу малку ми фали на белгискиот интернационалец Еден Азард за да биде на исто ниво со најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

„Дали го има потребниот капацитет за да ситгне до тоа ниво на кое веќе се Кристијано Роналдо и Лионел Меси? Сега можам да кажам дека го има потребниот капацитет, Азард може да биде дел од најдобрите на денешицата.  Го има потребното време за биде најдобар. Да не заборавиме дека Азард има 23 години, Роналдо има 28, а Меси 26 години. Има место за нова еволуција, а можам да приметам дека е и доволно амбициозен. Меси и Роналдо се уште поспецијални поарди големиот број на погодоци. Еден е крилен напаѓач и мала е веројатноста дека може да биде најдобар голгетер во англиската Премиер лига”, изјави трофејниот португалски стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.