Мурињо: Балотели ќе доминира за неколку сезони

Трофејниот португалски стручњак и моментално менаџер на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Жозе Мурињо не верува дека повторно ќе добие шанса да соработува со контроверзниот напаѓач на италијанскиот калчо гигант Милан, Марио Балотели.

Двајцата беа дел од златната генерација на Интер која го освои победничкиот пехар во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

“Точно дека нема ништо сигурно во фудбалскиот свет, но Марио моментално игра за голем клуб, игра за Милан. Јас сум убеден дека челниците на Милан не сакаат да го продадат најдобриот фудбалер, дека не сакаат да го продадат најдобриот репрезентативец на Италија. Марио веќе беше дел од англиската Премиер лига, а јас сум сигурен дека нема да бидам тренер на Милан или селектор на Италија. Тешко дека повторно ќе соработувам со Марио кој е добро момче, добро дете. Станува збор за млaд фудбалер, почна премногу млад и затоа има такви кои мислат дека Балотели има 27 или 28 години. Со 17 години играше во Лигата на шампиони, со 19-години потпиша за Манчесер Сити. Пред него се најдобрите години, врвот во својата кариера ќе го достигне помеѓу 27 и 31 година”, изјави Мурињо.