Мурињо: Бразил е новиот светски шампион

Најконтроверзниот тренер на демешницата, предводникот на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Жозе Мурињо е убеден дека Бразил ќе биде новиот светски шампион.
“Според мене, Бразил ќе биде крунисан за нов светски шампион. Победничкиот пехар ќе заврши кај избраниците на Луис Филипе Сколари. Репрезентативците на Бразил играат со срце, но го имаат и потребниот квалитет. Кога е во прашање полуфиналниот дуел против репрезентацијата на Германија, отсуството на Тиаго Силва ќе добие повеќе на занчење отколку тоа на Неимар. Силва има поголема важност од Неимар”, изјави португалскиот стручњак.