Мурињо: Челзи има потреба од нов напаѓач

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо уште еднаш ги потцети клупските челници дека за време на летниот преоден рок, клубот мора да ангажира напаѓач од светска класа.

„Мислам дека сега на сите им е јасно дека Челзи има потреба од нов напаѓач кој мора да биде ангажиран за време на летниот преоден рок. Тоа е јасно, но на сите ние е јасно и дека се очекува многу подобра игра од тие фудбалери кои моментално го носат дресот на Челзи. Јас не барам подобрување од Гери Кејхил, од Бранислав Ивановиќ или Џон Тереи. Тука нема место за напредок, тука се е совршено, идеално, оптимално. Сепак, има неколку фудбалери кај кои има место за напредок. Мислам дека одиме чекор по чекор, но тоа не е доволно за да бидеме шампиони на Англија. Тие напаѓачи кои ќе останат на “Стемфорд Бриџ” ќе се борат со новиот напаѓач. Исто така, вратата ќе биде отворена на сите тие кои немаат голема минутажа, на тие кои не се задоволни од престојот на ’Стемфорд Бриџ’. Така функционира пазарот на фудбалери. Сакаме да го подобриме првиот тим, но со фудбалери кои веднаш би се вклопиле во нашиот систем, со фудбалери кои ќе донесат позитивни промени”, изјави трофејниот португалски стручњак.