Мурињо: Челзи сака да го купи Сеск Фабрегас

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо повторно е во центарот на фудбалското внимание но сега со изјавата дека сака во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на стандардниот првотимец во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Сеск Фабрегас.

„Според мене, Сеск сака да си замине од “Ноу Камп” и тоа што е можно побрзо. Сеск е мотивиран од идеата за кам-бек во англиската Премиер лига, сака да се врати на Оостровот. Мислам дека на сите ни е јасно што сака Фабрегас. Дали ќе потпише за Челзи или за некој друг клуб ќе дознеме откако ќе заврши Мундијалот во Бразил. Рано е да се даде одговор на ова прашање. Јас можам да кажам дека Челзи е сериозно заинтересиран за услугите на Фабрегас, но да видиме, да почекаме во која насока ќе се движи оваа ситуација”, изјави португалскиот стручњак.