Мурињо: Да, го сакам Дидиер Дрогба

Најконтроверзниот менаџер на денешницата, предводникот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, најпосле собра храброст јавно да изјави дека сака во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на легендарниот напаѓач, Дидиер Дрогба.

Фудбалските медиуми на Островот постојано ја форсираат приказната дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска по пауза од неколку сезони повторно ќе се врати на “Стемфорд Бриџ” со цел да им помогне на лондонските “сини” во борбата за шампионската титула.

“Да, размислуваме во таа насока. Сакам мојот тим да победува на секој натпревар, сакам да освоиме некоја титула, а Дрогба е еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Лесно ќе се адаптира на нашиот стил на игра, ја познава англиската Премиер лига. Сакаме да се врати на “Стемфорд Бриџ”, но тука не станува збор за некакви емоции, за некаква вечна љубов. Нашиот претседател е многу интелегентна личност. Убеден е дека Дрогба му припаЃа на Челзи. Ќе мора да почекаме уште некој ден, но немаме многу време”, изјави португалскиот стручњак.