Мурињо: Да го видам Милер против покомпактна дефанзивна линија

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо откри дека не е многу импресиониран од играта на репрезентативецот на Германија, Томас Милер и додаде дека сака да види како ќе функционира брзоногиот напаѓач кога против себе ќе има далеку покомпактна дефанзивна линија.

„Сакам да видам како Милер ќе функционира, како ќе биде неговиот ефект кога против себе ќе има една покомпактна дефанзивна линија. Тоа ќе биде вистински тест за репрезентативецот на Германија. Португалија беше многу лесен противник за Милер и за Германија. Има многу тимови кои настапуваат на Мундијалот во Бразил и кои имаат подобра одбрана од таа на Португалија. Има репрезентации кои се подобро организирани. Сепак, Милер е многу добар напаѓач, има уникатен инстинкт. Во секоја ситуација може да го најде потребниот простор за да упати удар. Јас и понатаму останувам на мојот став дека Германија нема вистински напаѓач”, изјави португалскиот стручњак.