Спорт

Мурињо денеска ќе навива за Манчестер Јунајтед

Мурињо денеска ќе навива за Манчестер Јунајтед

Контроверзниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо, откри дека денеска ќе навива за лутиот ривал од англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Јунајтед, кој ќе обезбеди пласман во следната, 1/4 финална рунда од Лигата на шампиони, само доколку забележи триумф над грчкиот претставник Олимпијакос од три или повеќе гола разлика.

„Јас се надевам дека Челзи нема да биде единствениот англиски претставник во Лигата на шампиони. Се надевам дека нема да се исполни тоа сценарио. Јас ќе навивам за Манчестер Јунајтед, се надевам дека Дејвид Мојс и неговите фудбалери ќе изборат палсман во следната рунда од ЛШ”, изјави португалскиот стручњак.