Спорт

Мурињо е здодевен со приказната за нов напаѓач

Мурињо е здодевен со приказната за нов напаѓач

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо повторно ја замара фудбалската јавност со информацијата дека клупските челници се во потрага по елитен напаѓач кој ќе пристигне на “Стемфорд Бриџ” за време на летниот преоден рок.

„Знам дека веќе подолг временски период зборувам за напаѓачот кој ќе пристигне на „Стемфорд Бриџ” за време на летниот преоден рок. Во декември и јануари, новинарите постојано ми го поставуваа истото прашање, зошто не купуваме нов напаѓач. Тогаш ви кажав дека работиме на тоа поле, дека сме во потрага по напаѓач кој ќе има долга иднина на “Стемфорд Бриџ”, а некој кој ќе биде краткотрајно решение. Имаме добри напаѓачи, добри фудбалери, но Челзи има потреба од нов напаѓач. Мораме да ја подобриме напаѓачката позиција, тука сме најслаби”, изјави Португалецот.