Спорт

Мурињо експресно врати на смешните критики

Мурињо експресно врати на смешните критики

Контроверзниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо експресно им одговори на сите тие кои остро го нападнаа поради дефанзивната тактика која ја применил на дерби пресметката против директниот ривал во борбата за шампионската титула, тимот на Ливерпул.

„Победи подобриот тим. Победи тимот кој заслужи да победи. Дефанзивна игра? Јас и понатаму сум многу збунет, не знам како англиските медиуми ја дефинираат дефанзивната игра. Ако тимот одигра совршено во дефанзивата и ако не направи ниту една грешка, тогаш станува збор за дефанзивна игра? Намерно сме го трошеле судиското време? Што е тоа? Зошто никој не зборува за тоа дека еден тим има одиграно 15,16, 17 натпревари повеќе од другиот тим? Зошто не се зборува на таа тема? Не, Челзи не е во игра за шампионската титула, Челзи ќе заврши како трет на првенствената табела. Шампионската титула ќе заврши или кај Манчестер Сити или кај Ливерпул, а ние ќе се пофалиме дека двапати го имаме победено новиот шампион на Англија”, изјави Португалецот.