Спорт

Мурињо го контактирал таткото на Меси, се подготвува ли трансфер „бомба“?

Мурињо го контактирал таткото на Меси, се подготвува ли трансфер „бомба“?

Каталонското радио „RAC1“ денеска лансираше информација која уште повеќе ги раздрма фановите на Барселона.

Имено, по поразот од Реал Сосиедад атмосферата во таборот на каталонскиот гигант не е баш најдобра. Шпанските медуми, особено каталонските, пишуваат дека Луис Енрике е во конфликт со Лионел Меси.

Едните велат дека тренерот на Барселона добил ултиматум и дека му се заканува отказ, а другите пишуваат дека на Аргентинецот не му се допаѓа политиката на раководството на тимот, па се повеќе изразува незадоволство.

mesi-kontakti-500

Каталонското радио „RAC1“ со информацијата која ја објави денеска, а која ја пренесе угледниот италијански весник Газета дело Спорт, уште повеќе дотури „масло на огнот“. Имено, тие објавија дека тренерот на Челзи Жозе Мурињо имал телефонски разговор со Хорхе Меси, таткото на напаѓачот на Барселона.

Португалецот во пријатен телефонски разговор, наводно се распрашувал за моменталната состојба во Барса и што мисли Лионел Меси за тоа. Ведно Мурињо се распрашувал за договорот на Аргентинецот со Барселона.

Дали ова е уште една новинарска патка на шпанските медиуми, или навистина има нешто вистинито, ќе покаже времето.

Како и да е, Лионел Меси има договор со Барселона до 2018-та година и откупна клаузула од 250 милиони евра.

Извор: Курир.мк