Мурињо го сака и Реал (М) за противник

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо откри дека би немал ништо против доколку за противник во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони го добие поранешниот клуб, Реал (М).

„Не, немам ништо против. Не е важно кој ќе биде противник на Челзи во полуфиналната рунда. Реал (М), Барселона, Атлетико (М), Баерн (М), Манчестер Јунајтед…. не е важно. Важно е што Челзи е дел од полуфиналната рунда. Ако во 1/4 финалето имаше осум фантастични екипи, можете само да замислите каква ќе биде конкуренцијата во полуфиналната рунда. Едно е сигурно, ќе добиеме голем, незгоден противник, но и тој знае дека за противник ќе добие тим со специјален дух, со победнички менталитет”, изјави португалскиот стручњак.