Мурињо: Ибрахимовиќ е невозможна, а Фалкао возможна мисија

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо откри дека има потреба од нов напаѓач и дека повеќе е заинтересиран за бомбардерот на Монако, Радамел Фалкао, отколку за најголемата ѕвезда во дресот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ.

“Златан во Челзи? Тоа е невозможно. Златан е среќен во Париз, тоа го знам затоа што Златан ми е голем пријател и сме во постојана комуникација. Знаеме колку е моќен и богат ПСЖ. Знам дека никогаш нема да му биде покажана излезната врата од “Паркот на Принцовите”. Станува збор за невозможна мисија. Јас имам тим, но немам напаѓач. Фалкао нема тим. Фудбалер од таков калибар не може да игра пред 3000 верни фанови на Монако. Монако е клуб во кој се завршува фудбалската кариера”, изјави трофејниот португалски стучњак.