среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Мурињо ќе добие 385 милиони евра за засилување на Јунајтед

Ако може да им се верува на британските таблоиди, Жозе Мурињо како нов стратег на Манчестер јунајтед ќе добие вистинско мало богатство за зајакнување на клубот од „Олд Трафорд“.

murinjo-1

Поврзани вести

Ако може да им се верува на британските таблоиди, Жозе Мурињо како нов стратег на Манчестер јунајтед ќе добие вистинско мало богатство за зајакнување на клубот од „Олд Трафорд“.

Во неделата дел од медиумите објавија повикувајќи се на еден португалски весник дека Мурињо го потпишал договорот со Јунајтед. Иако во Англија сеуште нема официјална потврда, речиси сите што се занимаваат со таа тематика сметаат дека информацијата е вистината и дека клубот ќе ја објави во следните 15 дена.

Чекор пред другите е „Дејли стар“ чиишто новинари знаат дека управата на Манчестер јунајтед во преговорите со Мурињо ветила дека ќе му стави на располагање 300 милиони фунти за зајакнување, што според денешниот курс е околу 385 милиони евра.

Ова би можело да значи дека на Олд Трафорд ќе пристигне и Златан Ибрахимовиќ, со кого Мурињо долго време соработуваше во Интер, а кој е подготвен да влезе во Јунајтед, но не додека го води Ван Гал.

„Дејли стар“ наведува дека во засилувањата би можеле да бидат и Нејмар, Единсон Кавани, Томас милер Пол Пгба и Рафаел Варан.

Најчитани вести