Спорт

Мурињо ќе го украде Тони Крос

Мурињо ќе го украде Тони Крос

Како што се ближи стартот на летниот преоден рок, така се поголем и поголем е бројот на клубови кои веднаш на стартот од истиот ќе испратат официјална понуда за репрезентативецот на Германија и стандарден првотимец во дресот на Баерн (М), Тони Крос.

До пред неколку дена, актуелна беше приказната дека одличниот играч за врска ќе биде првата летна аквизиција на новиот менаџер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал, но репрезентативецот на Германија за познатиот спортски весник “Кикер” изјави дека не размислува за никаква промена на клупската средина, а најмалку за преселба на “Олд Трафорд”.

Најпознатиот таблоид на Островот “Сан” пред неколку часа ја пласираше информацијата дека Тони Крос сега важи за најголема желба на контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо кој е убеден дека 24-годишниот играч за врска ќе се пресели на “Стемфорд Бриџ” доколку понудата за неговите услуги не биде помала од 25 мил. фунти.