Мурињо: Лампард е слободен агент, може да игра каде што ќе посака

Последниве 48 часа наголемо се говори за позајмицата на Френк Лампард од Њујорк во Манчестер Сити, стигнуваат реакции од сите страни, а во таква ситуација невозможно е да не дочекаме коментар и од контроверзниот Жозе Мурињо.

“Френк Лампард е слободен агент и тој може да игра во било кој тим во светот, вклучувајќи ги и директните ривали на Челзи во Премиер лигата. Тоа што потпиша 6-месечна позајмица со Манчестер Сити не го менува фактот дека Лампард беше и секогаш ќе остане легенда на Стемфорд Бриџ. Френк е добредојден во Челзи и тоа така и ќе остане.”

Сепак, ова размислување на Мурињо не го делат и навивачите на Челзи, кои се гневни поради овој трансфер, па така веќе можеа да се видат и навредливи пораки упатени кон Лампард, а некои отидоа дотаму и ги запалија дресовите на својот довчерашен омилен играч.

Френк Лампард летово ја заврши својата 13 годишна авантура во Челзи, па откако му беше соопштено дека нема да му биде понуден нов договор, тој се одлучи да замине во МЛС Лигата во САД, односно во тимот на Њујорк Сити. Но со оглед на тоа дека Њујорк ќе започне да се натпреварува во оваа лига од 2015. година, Лампард потпиша 6-месечна позајмица со тимот на Манчестер Сити.